Велес ја одбележа 80 годишнината од печатењето на ,,Белите мугри,, ден по јубилејот

Петар Печков

Стихозбирката ,,Бели мугри,, веќе 80 години  е вечнина оставени за навек. Таа е сопатник на вечноста рече  д-р проф. Кристина Николовска на  поетско чествување во чест на Рацин, одржано во Градската библиотека во Велес. Тоа се одржа ден по 80-тата годишнина од издавањето на стихозбирката, кое се случи  на 25 ноември 1939-та година, во хрватскиот град Самобор.

Чест е да се отвори едно писмо, во кое има недокажаности, неузнаеници за нашиот голем, преголем Рацин.  Чест е да зборувам за великанот на нашата книжевност, уметност и култура, Коста Солев Рацин. Та нели е се кажано за Белите мугри, па сепак недокажано оти таа е како океан од мудрини на неговиот стих, извор непресушник на неговата мисла, река од енергија на неговата реч - кажа Николовска. 

Во продолжение од чествувањето стихови посветени на Рацин и Белите мугри читаа членовите на клубот на писатели ,,Коста Солев Рацин,,, кој заедно со Градската библиотека и Општина Велес, беа организатори на настанот на кој имаше скромен број присутни.

Осумдесет годишнината печатењето на стихозбирката ,,Бели мугри,, ја одбележаа Македонците во Хрватска и властите на градот Самобор, со повеќе настани вчера и неколку дена порано. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати