Велешанецот Божидар Јовиќ со меѓународно признание ,,Љубовен светилник,,

Петар Печков

Велешкиот автор  пензионираниот проф. Божидар Јовиќ   доби втора награда ,,Љубовен светилник.,,.  Тоа е меѓународна литературен натпревар  на Македонско – Бугарска   љубовна поезија. 

Од страна на Балкански книжевни координати бил распишан конкурс за три необјавени песни посветени на љубовта. Конкурсот бил распишан од 22 март до 10 април годинава. Право на учество имале поети од Балканските држави кои  доставиле по три песни со кратка биографија. Творбите  се оценувани од страна на комисијата на Балкански книжевни координати за наградување и најдобрите се  објавени во

Интернационалната поетска антологија на љубовна поезија под наслов Љубовен светилник. На  конкурсот учествувале  голем  бројот на поети.  Божидар Јовиќ за второто  место  учествувал  со три наслови-  Добрина, Повик и Сетила , кој се објавени  во Антологијата. На овој конкурс победила   Оливера Станковска, второто место Јовиќ го поделил со Ирена Стевановска а трета награда добиле  Жежовска Ана и Мазгански Јован.
             Добрина
Во тебе нема ниту еден дел
да е скриен од моето око
секој превив на твоето тело
со почит се галеше ровко.

Заемното е во секоја средба
пред мене си светла и жива
во раката носиш милост чедна
добрината од душа се прелива.

Од себеси бликнува топлина
зборовите ја обликуваат тема
пред нас се отвора чистина
единствена си мила жена.

Добрината ме исполнува мене
расцутот со цветови мириса
свеста во творбата ќе се вдени
искажа милост душата ја вдиши.

              Повик
Посакувањето е сведен момент
да се возвишат чувства од себе
животното подарување е сегмент
повикот се насочува до тебе.

Во овој момент те сакам до мене
русата коса да погалам и кренам
да го отргниме изгубено време
повикот во наша милина не дреми.

Во себе ја носиш бесконечна сила
те повикува мојата топла душа
го слушам гласот на самовила
мојата волја само тебе те слуша.

Трепетен повик е од меко гнездо
само листот од липа сега  мириса
почувствувај го и ти сакана ѕвездо
твоето поднебје е волшебна слика.

    Сетила
По месечина ти праќам воздишка
недостиг мој таа нека ти рече
прибери ги во пазуви под мишка
сетило те бара во пролетна вечер.

Светнува волја, а ти не се плаши
неговиот вид е со чиста боја
зборот од устата ќе ти кажи
сè што е моја желба станува твоја.

Во мојот допир искри вистина
сетилата со вкусот се подарени
заемноста ја гради лична интима
месечината од небо ќе се разбуди.

Од блажината на древна Луна
сетилни зраци се постелат во соба
само волјата ја има кревка дума
севкупниот простор мириса на тебе.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати