Велешанецот Слободан Димовски по стрмната литица го освои Гросглокнер,втор врв на Алите

Петар Печков

Велешанецот Слободан Димовски изминатиот викенд го искачи највисокиот врв на Австрија  Гросглокнер, висок 3.798 м. Овој врв е, по Монтблан, втор по височина во Алпите, Бобо како што го именуваат блиските и познатите има само 18 години и е голем вљубеник во планините. За разлика од другите освојувачи на врвови, тој се искачува алпинистички, не пеш до врвот, туку со јажиња, со раце, по стрмните литици на планината.  

За разлика од другите врвови на Алпите се издвојува со својата техничка тежина, ние не го искачувавме по класичната страна туку по гребенот штудлград што е доста комплициран. Има совладувањето доста пречки, температурата беше екстремно ниска  на  врвот, па  го искачувавме 13 часа.  Карпата што ја  качувавме  е во должина од 500 метри - вели Димовски.  

На турата биле шест дена заедно со негови пријатели од Радовиш. Неколку години по ред  се подготвува во зимски услови за искачувања на Алпите, дел од тие обуки се на замрзнатиот водопад во бугарија Скакавица. Истото така се искачил на повисоките балкански врвови во зимски услови -Триглав, Вихрен Мусала, Солунска глава . 

Со овој спорт со кој се бави,  алпинизмот е опасен. Човечки е да стравува додека провалијата е под него. Па затоа и прашањето зошто се реши да се бави токму со овој спорт, кој беше мотивот. 

Стравот е постојано присутен и тоа единственото нешто што ме држи под контрола, кога ќе го изгубам стравот нема повеќе да се занимавам. Ова е спорт што не е сфатен од пошироките кругови, некој го нарекуваат и спорт за само надминување. Но јас мислам дека овој спорт е посебно, поврзување со природата, карпата, мразот или врвот. нНе е само да се искачиш. Чувството додека се искачуваш е тоа што ме тера напред - објаснува Бобо. 

Со алпинизам се занимава пет години, ученик е во средното училишта Марија Кири Склодовска во Скопје, четврта година. Во разговорот нагласидека алпинистичките чекори ги учи од еден од најдобрите инструктори кој е член на првата македонска хималајска експедиција на Монт  Еверест - Борче Јовчевски. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати