Велешанец дел од група во Штип фатена со 1, 3 кг марихуана

Петар Печков

СВР Штип до ОЈО Штип поднесе кривична пријава против С.С.(22) од Куманово, Д.Д.(23) од село Кучичино, општина Чешиново Облешево  и T.Ш.(21) од Велес, тројцата со привремен престој во Штип поради  постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги,,.

Според документираните сознанија на истрагата, пријавените откако претходно се договориле неовластено - заради продажба- да набават поголема количина на опојна дрога марихуана, во вторникот  (14 ноември ) С.С. и Д.Д. со патничко возило “Волксфаген Венто“ со штипски регистарски таблици, управувано од И.В.(29) од Штип, заминале во Куманово. Таму од непознато лице купиле поголема количина на опојна дрога марихуана, по што ја пренеле марихуаната во Штип, односно во куќа на ул.“Сутјеска“ каде што како потстанар живеел третопријавениот Т.Ш. 

По претходно добиени оперативни сознанија, од страна на полициски службеници преземени се мерки за документирање на случајот и со обезбедена наредба од Основен суд Штип извршен е претрес над тројцата пријавени, и во куќата на ул.“Сутјеска“ при што пронајдени и одземени  се вкупно 1.340 грама наркотична дрога марихуана спакувана во неколку најлонски кеси, со намера истата да ја продаваат на лица уживатели на дрога.

Од страна на судија на претходна постапка на пријавените одредена им е мерка притвор во траење од 30 дена – пишува во соопштението на МВР. 

loading...

Поврзани »

loading...

ИТНИ МЕРКИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ЗАГАДУВАЊЕТО НА АМБИЕНТНИОТ ВОЗДУХ ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС

Советот на Општина Велес на седницата одржана на ден 27.11.2017 година, донесе
ОДЛУКА ЗА ДОНЕСУВАЊЕ ИТНИ МЕРКИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ЗАГАДУВАЊЕТО НА АМБИЕНТНИОТ ВОЗДУХ ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС

Конкурс за стипендирање на талентирани ученици и студенти за учебната 2017/2018 година

Во согласност со Програмата на Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти на Советот на Општина Велес 25-5299/3. Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти на Советот на Општина Велес на ден 13.12..2017 година, распишува К О Н К У Р С

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017

Дежурство на аптеките (ДЕКЕМВРИ)

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com