Велешанец позитивен на ковид 19, вчера почина на Инфективно одделение во велешка Болница

Петар Печков

Еден велешанец на 76 годишна возраст, со ковид-19,  почина на Инфективното одделение во велешката Болница, информираа oд Министерството за здравство. Тој таму бил  згрижен од 6-ти мај, имал коморбидитет, имал и други хронични заболувања, вчера нагло му се влошила состојбата по што починал.   

Ова е шести велешанец, кој има корона вирус и  починува од последиците по здравствената состојба. Во текот на вчерашниот ден двајца пациенти од Инфективно одделение, поради влошување на здравствената состојба се препратени на Инфективната клиника во Скопје.

На Инфективно одделение при велешка Болница,  денес има 24 лица, од кои 22 се позитивни а за две се чекаат резултати.   Во велешко во изолација има 136 лица а во самоизолација 27. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати