Велешанец при семејно насилство нападнал сопруга со остар предмет

Петар Печков

Саботата навечер,велешанец  со остар предмет ја нападнал сопругата. МВР со детали за инцидентот.

„На 13-ти ноември во 21.10 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Д.Ч.(73) од Велес затоа што во семејниот дом, по претходна расправија, физички ја нападнал неговата 58-годишна сопруга и со остри предмети се обидел да ја повреди. Тој бил приведен во полициска станица, а предметите биле пронајдени и одземени“- соопштија од МВР.

По целосно документирање на случајот  од полицијата посочуваат дека против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати