Велешанец со автомобил слета на пругата

Петар Печков

Денес напладне автомобил марка опел кроса, со велешки регистарски таблички излета од пат и слета на железничката пруга Велес- Гевгелија. 

Инцидентот се случил околу 13,20ч. кога автомобил марка ,,опер корса,, управуван од А.П. ( 63 год) до Велес, од непознати причини излетал во близина на црквата  Св. Петка. Според очевидците тој возел на регионалниот   Велес-  Градско,  

Шоферот  возеше во правец од   Агриа кон Велес, кога се случи сообраќајката. Од ударот тој откорна две бетонски столпчиња а при падот  се  изврте и беше на железничката пруга  во правец Велес – Градско,  иако возеше  во обратна насока – велат очевидци.

Со возило на итната помош бил пренесен во велешка Волница, каде е хоспитализиран.

Околу 13,30 часот во Болницата е донесен пациент повреден  од сообраќајна несреќа. Има контузии на глава, направени се лабораториски и клинички испитувања, направено е компјутерско снимање на глава и абдомен. Наодот бил   уреден а пациентот е  задржан во хируршко одделение – изјави д-р Весна Маркова портпарол  на  ЈЗУ Општа Болница  Велес. 

Од Македонски железници најавуваат дека железничкиот сообраќај на релацијата Велес – Гевгелија и  обратно се одвива  редовно,   без застој.   Од СВР Велес ја потврдија сообраќајката а нивна екипа извршила увид, по што  ќе се знаат причините за  излетувањето.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати