Велешанец спасил давеник кај Парга

Петар Печков

Денес, недела, велешанец спасил давеник, Грк од морето близу Парга. Според сведоците, исто така велешани кои јавија за настанот, се случувало на плажата Врахос околу пладне 20 км близу до Парга на Јонското море.   Поради ветерот морето било немирно и имало високи бранови. 

Човекот викаше неконтролирано, повеќето луѓе на плажата немо гледаа, никој не преземаше ништо. Еден човек нешто се обидуваше да каже и на нас присутните ни беше јасно дека во водата има давеник. Тогаш еден гостин од плажата нсе стрча, зема душек од тие што беа на песокот  и влезе во морето. Брановите  беа околу еден метар  високи а спасителот,  пливајќи се упати кон давеникот задно со душекот. Кога стигнаа до него на околу 30 метри од плажата, давеникот се фана за душекот а спасителот ги влечеше и двајцата кон плиткото. Беше тоа исцрпувачка борба оти морето беше немирно а давеникот се фаќаше за сламка за спас. Кога излегоа дознавме дека давеникот е Грк , кој беше при свест, но преплашен и исцрпен а спасителот дека е некој велешанец  Тони кој работел во земјоделие - пишаа во порака велешани кои биле на плажата Влахос кога се случил настанот. Додаваат  ,,не има и во  арно и во  лошо,,.

loading...

Поврзани »

loading...

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали ВАР технологијата воведена на ова СП во фудбал, придонесе тоа да биде поправедно?

  • да
  • не
  • не го следев СП
Резултати