Велешани масовно се одѕваа за донирање материјална помош

Петар Печков

На двата собирни пункта, каде велешани можеа да остават флаширана  вода, храна и пелни за бебиња, хигиенски средства, и вакумирана храна се собраа повеќе од 5    тони производи.

На штандот кој го организираше Општина Велес  за два дена и едно попладне собрани се:  2,5 илјади литри вода, 60 пакети храна, 100 пакувања тоалетна хартија, 60 пакувања пелни и 50 ќебиња.

Свој штанд за собирање на хуманитарна  помош имаше и општинскиот  СДСМ, кој исто така за два дена и едно  попладне собраа 2,2 илјади кг. Тука спаѓа флаширана вода, пелени и храна за бебиња, вакумирана  храна,  хигиенски средства.

Сета донација од Велес е предадена на настраданите во скопско.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати