Велешани не знаат каков воздух дишат, ама нема да знаат ниту зимава

Петар Печков

Велешани не знаат каков воздух дишат, но ниту има најави дека ќе разберат каков е квалитетот на воздухот во наредниот период.  По реакциите на јавноста дека апаратот на Министерството за животна средина, кој ги мери ПМ 10 честичките  не е во функција, локалната власт  реагирала до надлежните. оттаму добиле информација, дека е неизвесно кога апаратот ќе проработи.   Или Велес ќе остане без податоци за загаденоста на воздухот со прашина (ПМ 10 честички) до набавката на нов инструмент.

Инструментот за ПМ 10 во мониторинг станицата „Велес 2“ е во функција од 2004 година. Со оглед на староста, неговата осетливост се намалува. Оптималната оперативност на инструментот е 10 години и веќе одамна е истечена. Заради тоа мерниот инструмент е осетлив на промена на температура, влажност, атмосферски притисок и дава неточни податоци за измерените концентрации. Поради овој технички проблем, мерења за ПМ 10 нема да се вршат додека не се обнови опремата - одговориле од Министерството за животна средина (МЖСПП) до локалната власт, на прашањето зошто апаратот не работи и кога повторно ќе биде во функција.

Тој не е во функција од почетокот на јули годинава. При крајот на јуни и почетокот на јули  апаратот започна да покажува  високи  вредности, што за лето беше невообичаена појава. За разлика од ова, параметрите кои ги покажуваат вредностите за чад и сулфурдвеоксид работат. Тогаш од Министерството кажаа дека резултатите се неверодостојни со  невообичаени високи часовни вредности  кои достигнуваа и до 200 микрограми на метар кубен. ,,Тие се неверодостојни и се резултат на староста на анализаторот и истите се изземаат,,  информираа летово од МЖСПП. Така од 12 јули велешани на знаат какво воздух дишат во однос на суспендираните честички со големина од 10 микрограма.  На ова реагираа и екологистите од ЕГ Зелена сила.

Скратено е правото граѓаните не Велес да знаат во каква животна средина живеат. Оправдување не може да има дека апаратот е стар. Но ова не е единствен момент од нефункционирањето на ова Министерство, оти  и натаму дозволуваат да работи Варницата во Превалец иако таа нема ,,А,, интегрирана дозвола и постапката сега ја започна - рече Игор  Смилев од ЕГ ,,Зелена сила,,.    

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати