Велешанки победија на традиционална трпеза во Демир Капија (фото)

Петар Печков

Во Демир Капија деновиве се одржа  манифестација ,,Недела на традициjaтa Свети Трифун 2017,, година во организација на тамошната локална власт.    

Жени од 15 градови од Македонија понудија  подготвени традиционални македонски јадења ,а зедоа учество и гостите од Малта, Унгарија и Полска.

Меѓу нив беа и велешанки, организирани  преку Организацијата на Жени од Велес.  Десеттина домаќинки подготвија дваесетина јадења на  ,, Гемиџиска маса,,  со кои се преставија и победија.

Нашата трпеза беше богата, со главно јадење, традиционални велешки специјалитети, тестенини,  пача. Се беше подготвено од дома, а таму го поставивме и според вкусот го освоивме жирито – рече Мирјана Трајковска претседател на Организацијата на жени од Велес.    

Како победнички велешанки добија  парична награда. Ова е второ учество на жените од Велес на  манифестација ,,Недела на традициjaтa Свети Трифун,, во Демирм Капија. 

Комисијата  беше составена од афирмирани кулинарски мајстори, Љупчо Гиевски,Миле Неделковски и Маре Јаневска кои имаа тешка задача.  

Репортажа од  манифестацијата ќе биде емитувана наредните денови во  емисијата ,,Вкусот на традицијата,, на  Телевизија Алфа.

Втора награда доби ,,Селска маса,, од општина Демир Капија и третото место за најдобра традиционална трпеза го доби ,,Клисурска трпеза,, од Општина Демир Капија

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати