Велешката Болница со нова акредитација за период од три години

Петар Печков

Велешката Општа Болница доби акредитација на период од три години и неколку нови апарати а во текот на вчерашниот ден е изведена и првата операција на колк. Тоа беше објавено во пресрет на 7-ми април Светскиот ден на здравјето. 

Мотото за годинешниот ден е ,,Универзална  здравствена покриеност,,.   Документот за акредитација  на директорот на ЈЗУ Општа Болница Велес, д-р Божидар Бојаџиев му го врачи директорот на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствените  установи Анте Попоски.   Тој ги изнесе резултатите од мониторингот и оценувањето.

Направена е реконструкција на главната зграда на болницата и поставена е термоизолациска фасада и ставени со нови врати и прозори, набавена е нова медицинска опрема со воведување на нови методи. Овозможено е едукација на доктори и друг медицински кадар во странство, а упатени се и доктори на специјализација и едукација во терцијани установи. Воедно решен е и статусот на волонтерите и лицата под договор. Во 2018 се склучени договори за вработување на неопределено време за осум лекари. За кратко време се направени промени со кои во целост е подобрено функционирањето на Општата болница во Велес, што го востанови Комисијата на нашата агенција - информира Попоски. 

Документот важи  од 25 март 2019 до истиот датум 2021 година. Велешката Болница го имаше и претходно  овој документ добиен во 2017-та со важење од една година.  За пациентите ова се по стандардизирани услуги, по организирана работа, бидејќи ова  е процес, кој треба да ги следи сите внатрешни процеси во една болница за подобрување на квалитетот на здравствена заштита. Со ова надворешно оценување се дава стимул  за реализација на напишаните процедури. 

Акредитацијата е заслуга  на сите потенцира  директорот д-р Бојаџиев и истакна дека нивната здравствена установа располага со високо стручен кадар кој е на располагање на пациентите и нивна цел е Болницата да стана регионална за Повардарјето.   

Набавена е  повеќе медицинска апаратура од разни донатори во изминатите два месеци, меѓу кои гасен анализатор и ултразвучен дијагностички апарат „Сименс“ донација од Вернер Еберт од Австрија. Болницата доби од донација апарат кој ќе им користи на лекарите оториноларинголози, како и ултразвучен џебен доплер од „БИОТЕК“,а „Скопска Пивара“ најави  донација на дефибилатор - рече д-р Бојаџиев.  

На  доделувањето на првата акредитација на Болница во земјава, со рок од три години, присуствуваше и министерот доцент д-р Венко Филипче.   

Оваа акредитација значи квалитет и безбедност во здравствената заштита, која ги развива, ревидира и унапредува стандардите на здравствена заштита во здравствените установи, прави проверка на имплементацијата на стандардите и дава стручна помош на здравствените установи за успешна подготовка до постапката на надворешно оценување и следење на одржувањето и унапредувањето на здравствената заштита после акредитацијата. Исто така, во следниот период ќе почне постапката за проектирање и реконструкција на инфективното одделение во оваа болница - истакна министерот Филипче. 

Тој додаде дека Општата болница во Велес по пуштањето на Ургентниот центар ќе стане Регионален ургентен центар со целосна дијагностика со што ќе се покријат сите потреби на пациентите од Велес, од околината и поширокиот регион на Повардарјето. Кон средината на минатата година ставен е во функција апаратот за компјутерска томографија, а во следниот период ќе се набави и дополнителна опрема, се со цел да им се олесни пристапот до здравствени услуги на пациентите од овој регион.

loading...

Поврзани »

loading...

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

  • да, за нив секогаш имам време
  • имам многу обврски, тешко се наоѓа
Резултати