Велешката библиотека, библиотека на годината

Петар Печков

Велешката библиотека  ,,Гоце  Делчев,,   го доби признанието за најдобра во оваа година.  Таа е прогласена за  „Библиотека на годината“ за 2016 година од страна на  Библиотекарското здружение на Македонија.

Библиотеката оваа година беше организатор на бројни културни настани, има нов голем фонд книги, дела, стручна литература и литература за лицата со оштетен вид.  

При доделувањето на признанието, во предвид биле земени  инвентивност во настаните,  библиотеката да биде  културен стожер во градот кој организира  настани од таков тип, да има литература која им помага на лицата со посебни потреби, се следеле активностите и соработката со граѓанските здруженија.

Истото признание  градската библиотека го доби и 2014-та година.   Годинава го подели со Локалната библиотека „Страшо Пинџур“ од Неготино. Наградата се доделува на празникот Св. Климент  Охридски, творец на далеку познатата Охридска книжевна школа е најзначајниот македонски средновековен писател и педагог.

loading...

Поврзани »

loading...


Дежурство на аптеките (АПРИЛ)

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали граѓаните кои добија ослободување од плаќање на сметки за вода, камати и дел од кредити, од јавно осветлување треба да имаат задолжителна општо корисна работа во градот?

  • да, треба да ги одработат бонусите
  • не, уште тоа им фали
Резултати