Велешките извидници со помош за семејства од социјален ризик

Петар Печков

Членовите на   Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, организирираа  хуманитарна акција, со која им помогнаа на дел од жителите во Општина Чашка.Тоа се семејства од социјален ризик а велешките извидници им донираа пакети прехрамбени прозиводи, училишен материјал и хигиенски средства. 

Ваква помош беше доделена на десет семејства и тоа многудетни и семејства во недостапна рурална средина. Тие се жители на селата Мелница, Стари град, населба Чашка, и Теово.Акцијата беше насловена  “Направи Добро Дело – во рурална средина“, а истата траеше седум  дена

Со оваа помош која што ја доделуваме сметаме дека ќе извршиме иницирање на потреба за поголема грижа од страна на државните институции и други хуманитарни организации кон овие семејства. Акцијата е со подолг временски период се со цел за да може да се посетат сите десет семејства во овие населени места,  каде што извидничкиот одред “Димитар Влахов“ ја реализира својата одредска програма и мобилизира и вклучува членство - велат од одредот. 

Ова нивна активност беше по повод 22 февруари –  Светскиот Ден на Извидници изведена заедно со Сојузот на извидници на Македонија  и тоа во периодот од 20 до 25 февруари.  

Средствата за помошта  во рамките на оваа хуманитарна акција се обезбедени преку проектни активности

loading...

Поврзани »

loading...

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Кој ќе биде новиот светски првак во фудбал?

  • Аргентина
  • Англија
  • Англија
  • Бразил
  • Белгија
  • Германија
  • Португалија
  • Русија
  • Србија
  • Уругвај
  • Франција
  • Хрватска
  • Шпанија
  • некој друг
Резултати