Велешките извидници учествуваа на регионални средби на извидници во Бања Врујци

Петар Печков

Велешките извидници, кои беа заедно со македонските, изминатиот викенд учествуваа на 8-те ,,Брѓански -сениорски средби на извидниците од регионот. Се одржаа во Бања Врујци - Србија а учествуваа извидници од  Хрватска, Македонија, Србија, Црна Гора и Босна Херцеговина.

На оваа тридневна средба за учесниците се организираа повеќе тематски панели на кој се разговараше за: создавање на заеднички тим за обука, извидничка лига и систем на заеднички проектни активности и размена на информации помеѓу националните сојузи. Како најдобри начини на продолжување на соработката е креирање на заеднички проекти.

Делегацијата на Сојузот на Извидници на Македонија  беше составена од 20 извидници од извидничките одреди “Димитар Влахов“ од Велес со четворица учесници, “Јадран“ од Скопје и “Крсте Јон“ од Струга. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати