Велешките книжевни великани

Петар Печков

По повод Илинден,  Локалната библиотека ,,Гоце Делчев,, организираше  научна трибина посветена големите велешки книжевни дејци на 19 и 20ти век, Џинот, Жинзифов, браќата Петкович, Рацин и Неделковски. На неа за делото на овие значајни македонски книжевни имиња говореа  Весна Мојсова Чепишевска, Искра Тасевска Хаџи Бошков, Кристина Николовска, Васил Тоциновски и Игор Крајчев, 

Учесниците на трибината, дел од нив професори на Филолошкиот факултет зборуваа за одредени аспекти на  творештвото на големите велешки дејци. На велешани им  приближивме различни аспекти, на нивниот живот и дејност. Трибината  не е толку стручна, повеќе општа информативна за сите овие дејци Џинот, Жинзифов, браќата Петкович, Рацин и Неделковски   – изјави Крајчев, директор  на велешка библиотека, која  беше организатор  на настанот. 

Неделковски прв ја открива ,,За Македонцките работи,, на Мисирков,   прв ја добива и ја препорачува натаму ,,Бели Мугри,, на Рацин.  Ги издава ,,Молскавици,, посветена на мајка му. а подоцна и ,,Пеш по светот,, меѓу кои посебно се истакнува ,,Глас од Македонија,, чии стихови  и денес морничаво предупредуваат. Оваа песна го сврстува во еден од најреволуционерните поети во  македонската литература. Неделковски заминува како славните Гемиџии, не затоа што ги носеше нивните идеи туку затоа што  беше како нив романтичар со бескраен љубов кон својот  народ    – рече Весна Мојсова Чепишева.   

Македонската книжевност во втората половина на 19-тиот век се одвива низ два центри, Охрид и Струга каде се браќата Миладиновци и Григор Прличев и од Велес каде се Жинзифов, Џинот и  браќата Петковичи,  Константин и Андреја дејци со изразит европски профил и првите дипломирани  македонски слависти – појасни  Васил Тоциновски.     

Клучен момент за развојот на Рајко Жинзифов, кој е роден влав како Ксенофон е запознавањето со Димитре Миладинов под чие  влијание станува Словен.  За тоа дека тој е Македонец, наспроти други тврдења со  кој се сретнувам често во Бугарија  е дека целото негово творештво  е посветено и инспирирано од Македонија и македонската средина, фокусиран е на родниот крај. Неговите дела се со   автентична романтичарска поетика – потенцираше   Искра Тасевска Хаџи Бошков.

Рацин не е само прозаист, поет, публицист туку  и врвен филозоф и есеист , тој е културолошко сонце кое осветлува    преку Белите мугри и осветлувањето. Рацин е многу интересен кога зборува за богомилството за кое вели дека е најсветлиот настан во средновековието на  Повардарјето а Рацин е најсветлиот настан што можел нас да ни се случи   во современата литература и е културолошко сонце од повеќе аспекти   - изјави Кристина Николовска 

 Џинот е еден од поистражуваните македонски дејци на 19-тиот век. Тој го извади  македонското творештво  од таа  црковна рамка и го приближи  кон европската литература, даде уметничка нишка на книжевноста.   Неговите творби имаат повеќе книжевно - историска отколку уметничка вредност –  истакна Игор  Крајчев 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати