Велешките советници лути, оти Министерството за животна средина не дозволува да постават сопствени мерни станици

Петар Печков

Министерството за животна средина не ја поддржува одуката на Советот на Општина Велес, таа да набави и  постави  мерни  станици за квалитетот на воздухот. Овој одговор, по барањето за поставување  мерни станици од општински средства,  ги обедини советниците во велешкиот Совет, од власта и опозицијата, кои се незадоволни од добиеното мислење. 

Како локална власт, согласно регулативата,  се обративме од Министерството за животна средина, за начинот на набавка и поставување на мерните станици кои Советот ги побара.  Добивме одговор од Министерството, потпишано од министерот, со  кое не го поддржува поставувањето на мерни станици   од страна на локалните власти - информираше општинскиот инспектор за екологија Билјана Шуркова Манаскова.    Одговорот од МЖСПП бил обемен и стручен  и се повикувал на законската обврска да дава мислење по одлуките на Советите, по прашања од животната средина. 

Кога како локална власт,  бараме информација за загадувачи  со ,,Б,, интегрирана дозвола од Министерството на препраќаат до општинскиот инспекторат, оти не биле надлежни.  А како ќе знаеме каков воздух дишеме, кога мерната станици сопственост на Министерството за животна средина не работи од јули 2018-та, втората ја отселија од Велес а не дозволуваат да набавиме и поставиме со средства од општинскиот Буџет - рече екологистот Ненад Коциќ, член на Советот. 

Советниците на   Општина Велес пред два месеци, побараа од локална власт да се  распише меѓународен тендер за набавка на мониторинг- станици за мерење на квалитетот на амбиенталниот  воздух во градо,  на пет локации во градот. Целта беше  транспарентно да се следи состојбата со можни загадување на воздухот од индустријата, домаќинствата и сообраќајот во Велес.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати