Велешки поетски бранувања

Петар Печков

Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ – Веле ја реализираше  традиционалната културна манифестација „Велешки поетски бранувања“.

Поетското дружење на поетите од повеќе градови од Македонија, се одвиваше во пријатна атмосфера на Ликовниот салон,  со  звуците на пијано и виолина, со младите таленти од музичкото училиште од Велес.

Преку  стиховите поетите  презентираа дел од своите емоции, изворно од длабочината на поетската душа и срце.

Домаќините, од велешкиот Клуб на писатели, заблагодарувајќи им се на гостите за нивното присуство и учество, заеднички посакаа овие поетски средби на современите актуелни писатели на македонската литературна сцена да продолжат со уште поголем ентузијазам и во иднина.

„Велешки поетски бранувања“ се одржаа  во соработка со општина Велес.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати