Велешки театар нема претстави оти се вршат градежни активности, со цел негово конечно завршување

Петар Печков

Оваа есен во велешки театар, не се изведуваат театарски претстави. Ансамблот гостува, но на матична сцена нема тековен репертоар. Од велешки театар нема одговор на прашањата од публика зошто нема претстави, директорот Сашо Димоски и покрај  ветувањата не даде одгвор, но затоа од Министерството за  култура објаснуваат дека во тек се градежни работи, со цел завршување на изградбата на театарот.  

„Согласно предвиденото во Годишната програма за инвестиции за 2021 година се изведуваат завршни работи од изградбата на објектот за театарот во Велес.  Овие работи опфаќаат одредени испитувања, завршни изведбени работи и одредени санации на настанати оштетувања во внатрешноста и надворешноста на објектот. Поточно се вршат испитувања на електричната инсталација како и на автоматски дизел агрегат. Се испитуваат и сервисира инсталациите за дојава на пожар, се испитува водоводната мрежа, се монтираат подземни пожарни хидранти, се изведуваат завршни работи на внатрешен водовоод и испитување на внатрешен водовод“ - соопштија од Министерството за култура.  

Освен ова се вршат и лимарски работи,  санација на покривни бакарни олуци, гипскартонски работи и молерофарбарски работи. Според предвиденото во договорот, градежните работи  кои се во тек, требало да се завршат до крајот на ноември 2021 година.
Државниот завод за ревизија во 2018-та констатираше дека   велешкиот театар работи иако нема технички прием.

Во писмените забелешки објавени тогаш, меѓу другото пишува дека  „За објектот "Театар Велес" во Велес не е извршен технички преглед, извршен е само интерен технички преглед по фази на ден 02.06.2015 година со кој се констатирани повеќе забелешки и недовршени позиции. И покрај тоа театарот е пуштен е во употреба во јуни 2014 година, а на истиот се уште се извршуваат градежни работи“. Министерството во одговорот за тековните активности пишува дека цел е „завршување на изградбата на театарот“.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати