Велешки театар со нова премиера, претстава за деца

Петар Печков

Велешкиот театар ,,Јордан Хаџи Константинов Џинот,, напладне премиерно ја изведе претставата ,,Заспаниот супер херој,, во режија на Младен Крстевски, работена според мотиви од народните приказни.  Тоа е претстава за деца на возраст до 10-тина години.

Во претставата е раскажана приказната  за борбата на доброто и злото, во современо руво. Пи ни пу е заспана од лошата вештерка  и преку Гицо и Ицо треба да се спаси а за тоа е тука супер херојот. Има многу заплети,  моменти интерсни  за детската публика - рече Крстевски кој  настапува во претставата заедно со Фаик Мефаиловски, Жарко Спасовски, Васил Зафирчев и како гости Ирена Илиевска и  Филип Христовски.   

Сценографијата е на Фили Коруновски изборот на музика на Снежана Митова. Претставата е работена од сопствени средства на театарот. Претставата е на редовен репертоар со почеток околу пладне, во зависност од денот и билети за неа можат да се набават на билетарницата пред почетокот. Организирано деца ќе можат да ја гледат и преку училиштата. 

loading...

Поврзани »

loading...


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали е потребно забрана за користење на мобилни на наставата во училиштата?

  • да
  • не
Резултати