Велешки театар со премиера на новогодишна детска претстава (фото)

Петар Печков

Велешкиот театар Јордан Хаџи Константинов  Џинот во пресрет на новогодишните празници понуди нова  наменска претстава, за најмладата публика. Претставата е насловена ,,Новогодишните чорапчиња,,. Во истата настапуваат петмина актери од театарот Талија Настова, Марија Стефановска, Жарко Спасовски, Фаик Мефаиловски и Александар Вељановски. Режијата е колективна на актерската екипа ,а претставата е работена според текст од српски автор.

Во претставата се  раскажува приказната за двете сестри Ана и Марија,  кои најчесто не се согласуваат една со друга и мора да ги надминат меѓусебните проблеми. Сево ова со цел да му покажат на Дедо Мраз дека тие сепак се добри деца и заслужуваат подароци од него за Нова Година - велат од авторскиот тим  на претставата. 

На последната прес конференција раководството на театарот ја најави идејата за продукција на детската новогодишна претстава. Премиерната изведба на претставата ,,Новогодишните чорапчиња,,  денеска, четврток, ја следеа учениците од ОУ Св. Кирил и Методиј. Во следните денови е предвидено претставата да биде изведувана за организирани посети од училиштата и градинката.

Следната недела пак  детската новогодишна претстава ќе се игра и за  слободна продажба, за дечиња кои со родителите имаат желба да ја погледнат истата

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати