Велешки театар со три претстави гостува во Бугарија и Русија

Петар Печков

Во текот на месец мај велешкиот театарот „Јордан Хаџи .Константинов Џинот“ ќе гостува во Бугарија и Русија и ќе  настапи на три интернационални театарски фестивали во овие земји. Ќе бидат прикажани три претстави.  

На 15-ти мај со претставата „Шумата на моето дрво“ од Сашо Димоски, во режија на Александар Ивановски, а во копродукција со „Северно од Импакт“, театарот ќе настапи на Интернационалниот театарски фестивал „Тара-ра-бумбиа“ во Благоевград, Бугарија. Во претставата настапуваат актерот Васил Зафирчев и композиторот Сашко Костов.Оваа претстава гостуваше и во Јужна Кореја.  

На 17-ти мај, Театарот ќе настапи  на Интернационалниот театарски фестивал на претстави за деца „Волшебникот од Оз“ во Трговиште, Бугарија со претставата за деца „Волшебникот од Оз“ од Френк Баум, во драматизација на Катерина Момева, а во режија на Александар Ивановски. Во претставата настапуваат актерите Талија Настова, Фаик Мефаилоски, Васил Зафирчев, Марија Стефановска, Александар Велјановски, Маја Љутков, Кети Борисовска и Драгана Босниќ.

Од 25-ти до 31-ви мај, комедијата „Вдовицата се мажи“  работена според текстот  „Мечка“ на Чехов во режија и адаптација на Младен Крстевски, ќе се одигра  на Интернационалниот театарски фестивал „Руска класика - Лобња“ во Москва, Русија. Во претставата настапуваат актерите Марина Поп-Панкова, Васил Зафирчев и Младен Крстевски.

Неодамна, во март велешкиот театар со  ,,Синиот портокал,, гостуваше во Македонскиот информативен центар во Софија - Бугарија.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати