Велигденско јајце 2017 (фото)

Петар Печков

Во Младинскиот парк се одржа 13-тата по ред манифестација „Велигденско јајце“ која општината започна да ја одржува од 2005 година. На  неа учествува сите основни и средни училишта од Општината, Детските градинки, Интернатот и невладините организации кои се одзваа на поканата.

Целта на манифестацијата е да се негува традицијата, обичаите, културата, верата. Истовремено преку ваквите манифестации се развива креативноста кај децата. Тие во изминативе денови на часовите по ликовна култура, работеа на најразлични начини и техники за украсување на велигденски јајца, за денеска истите да бидат презентирани на штандови пред граѓаните на Велес -велат од локалната власт, организатор на настанот.

Манифестацијата има продажен карактер. Сите изложени јајца се продаваат,а заработените средства учесниците ги користат за сопствени потреби. Иако според христијанските обиеаи вапсувањето се случува во чеврток, манифестацијата е ден пред да почне фарбањето на јајцата во домовите. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати