Весниците Утрински и Вест заминаа во историјата

Петар Печков

Од денес, сабота 29 април дневните весници Утрински и Вест  повеќе нема да се печатат, нема да ги има во хартиена верзија.  

Ќе постојат од 1-ви мај  како електронски, интернет изданија.  „Утрински весник"згаснува по цели 18 години, а „Вест“ по 17 години постоење на медиумскиот простор во Македонија. На насловната страница на последниот печатен број на „Утрински“ стои „ До наредно гледање“, додека во „Вест“ се одлучија за „Чао“.

И двата весника оставија силен траг во Македонската држава и новинарство.

Ми беше задоволство што во последните пет години бев дел од двата печатени медиуми и со свои текстови учествував во нивната читаност.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати