Вештите лица -обвинетите за убиството во Караслари живееле под стрес од таткото и сопруг,кој бил алкохоличар

Петар Печков


Да живеете со алкохоличар е многу тешко, во услови кога има семејно насилство, вака сведочеше д-р Анета Спасовска Трајановска спец. психијатар  од  ЈЗУ Психијатриска болница од Скопје за убиството  на Зоран Трајковски во велешко Караслари, каде обвинети се мајката и синот, Марина и Иле Трајковски.

Починатиот бил алкохоличар. Поради неговите истапи повеќе пати интервенирала полицијата, бил пријавуван за семејно насилство, поради што семејството живеело на два одвоени ката.  Синот Иле  доживувал трауми кога мајка му била малтретирана, а нема докази дека и тој бил малтретиран.   Кај него е присутен висок степен на напнатост, нервоза и постоел постојан стрес - кажа д-р  Спасовска Трајановска. 

Пред судскиот совет во Основен суд  во Велес сведочеше и д-р спец. психијатар  Зора Митиќ.

Во моментот кога го сторила делото, обвинетата Марина била пресметлива. Таа била жртва на семејно насилство, од сопругот алкохоличар, уште при стапувањето во брак. Тоа се одразило врз неа. Била напната, разочарана, загрижена, без самодоверба, песимист, но ја извршувале улогата на грижлива мајка. Таа живеела под постојан стрес, но нема осветољубивост кај неа - рече д-р Митиќ. 

Како сведок на одбраната раскажа што се случил критичниот ден, на Водици 19 јануари, мината година,  Даниел Трајковски, постариот син на починатиот Зоран.

Не бевме во добри односи со татко ми Зоран, му беше забрането да има контакта со нас. Тој живееше на долниот кат, ние на горниот. Тој беше хроничен алкохоличар, наместо да ја пие терапијата, пиеше алкохол. И покрај тоа ни го храневме, мајка ми го переше, пеглаше, го гледавме. На 18-ти јануари лани попладнето слушнав тропање, се симнавме, и го најдовме на земја со главата кон подот, имаше црвенило на носот. Го кренавме, се пожали на болка, на проблем со држењето, на рамнотежата, па викнав брза помош.  Докторката рече „Зоран пак си пијан а му требаме на друг болен“.    Му пуштија инјекција и си заминаа а потоа и ние.  Другиот ден, со брат ми станавме околу 10ч. тој беше договорен со другарите да скока во Велес по крстот на Водици и отидовме таму. Се врати до Караслари, да се облече и да го земе новчаникот и се дојде пак во Велес.   По фрлањето на крстот, брат ми  со друштвото отиде во Македонија мотелот, се врати околу 16 ч. а јас со кумашините бев дома. Седевме со мајка ми раскажувавме што се случи во Велес. Бидејќи имавме едно вц, долу кај татко ми, мајка ми се симна таму и влегла да види дали има дрва во шпоретот. Но тој лежел на креветот, влеговме со брат ми. Татко ми не даваше знаци на живот, викавме брза помош. На лицето немаше повреди, освен подочници, немаше гребнатини. Следниот ден кога го вратија од обдукција, носот му беше скршен, имаше  посекотина над усната, што пред тоа ги немаше - кажа Даниел.

Сведочеа и двајцата најблиски соседи  Анка и Славко Јовановски. Тие кажа исто, дека покојниот Зоран бил нечовек, алкохоличар, кој ги тепал и навредувал сопругата и децата. Славко дури спомена дека во еден наврат го сопрел Зоран, кога со лопата ја бркал и удирал Марина.  Идентично кажаа дека ниту Марина, ниту децата никогаш не го нападнале Зоран, иако тој нив ги малтретирал.

Судењето продолжува со сослушување на други сведоци.   Обвинети за кривичното дело „убиство“ се мајка и син  Марина (50 год) и Иле (21 год) Трајковски, дека со умисла на 19-ти јануари минатата година во нивниот дом го лишиле од живот сопругот и татко Зоран Трајковски.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати