Викендов еден заразен, еден оздравен од ковид-19 во велешко

Петар Печков

Во текот на викендот  во велешко има регистрирано еден случај на ново заразен со ковид-19 во саботата и еден оздравен во неделата, соопштија од Центарот за јавно здравје Велес. Во велешко активни се 30 случаи, досега се оздравени  163, починати се 13 а вкупно се заразени 206 лица.

Во саботата е регистриран еден случај на ново заразен, тоа е пациентка која биле итно префрлена на лекување на ГОБ 8-ми Септември, таму е хоспитализирана, земен е брис и е потврдено дека е позитивна. Има и еден случај од неделата кој се води како оздравен по два негативни теста на земен брис- информираа од Центарот  за јавно здравје Велес. 

На Инфективното одделение од велешка Болница, кое почна да се полни откако избувна епидемијата во Свети Николе, има згрижено 22 лица, а има капацитет од 30 кревети. 

Дваесет и еден пациент е потврдено позитивен, за еден се чекаат резултати од земен брис. Тројца се на кислородна поддршка. Единаесет од хоспитализираните лица  се од Свети Николе, кои се на лекување во ова одделение - изјави д-р Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општа Болница Велес.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати