Викендов контрола, колкумина возачи возеле под дејство на алкохол

Петар Печков

Ноќта саботата кон неделата, сообраќајната полиција извршила контрола, колкумина од возачите кои управувале возило, биле под дејство на алкохол.

Сабота 26 октомври  во периодот од 23 часот до 5 часот недела  27 октомври,  на територијата на СВР Велес била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. Притоа, биле откриени 21 прекршоци од кои десет во Велес, пет во Кавадарци и шест во Неготино- информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

За сите прекршоци изречени биле соодветни казни. 

Викендов вакви контролни акции биле изведени и во неколку македонски града. Во Скопје биле откриени  49 лица возачи кои возеле под дејство на алкохол, Струмица, 36, Битола 18, Тетово 23, Штип 30, Куманово 46.  

loading...

Поврзани »

loading...

Ронтис вработува техничар во оддел за одржување

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи: Техничар во оддел за одржување Детали

Акција за собирање на електричен и електронски отпад

Со цел активно да придонесеме за унапредување на квалитетот на нашиот и животот на новите генерации, Општина Велес и ЈКП „Дервен“ ја спроведуваат традиционалната есенска акција за собирање на отпад од електрична и електронска опрема чие оставање на јавни површини е забрането со закон.

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали користите велосипед во Велес?

  • да, често
  • за викенд рекреација
  • нема патека
  • Велес не е град за велосипед, има угорници
Резултати