Викендов полицијата во ноќна акција по локалите во Велес

Петар Печков

Изминатиот викенд  велешката полиција извршила контролни акции по угостителските објекти низ градот. Во петокот и саботата по полноќ заедно со СВР Велес биле и инспектори од УЈП.  

Полицијата констатирала неколку неправилности, додека УЈП не наишла на ниту еден, се однесува на (не)издавање на фискални сметки.  

На  20-ти јули  извршена е контрола во пет угостителски објекти во градот, сите во спортската сала ,,Гемиџии,,  при што, е констатирано нарушување на јавниот ред и мир со пуштање на гласна музика во кафе барот „Паладиум“. На  21-ви јули  направена контрола во 15 угостителски објекти во градот, кога се констатирани нарушување на јавниот ред и мир со пуштање на гласна музика во кафе „Кали“ и присуство на малолетници во угостителски објекти по 24 часот во кафе „Винил“ и дискотеката „Хевн“ - изјави Верољуб Додевски  портпарол на СВР Велес. 

Против прекршителите ќе бидат поднесени соодветни пријави според Законот за прекршување на јавен ред и мир. Од полицијата најавуваат дека ќе продолжат со овие акции и во наредниот период, летово. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати