Викендот две сообраќајки, еден тешко повреден

Петар Печков

Петокот вечер на 20 јули  околу 20.30 ч. на улица „Сараевска“ случена е сообраќајна незгода во која учесници се седумнаесетгодишен малолетник од Велес кој управувал мотоцикл марка ,,Џилера Нехсус 250“ со велешки регистарски броеви и пешак И.М.(30) од Велес. Во незгодата пешакот се здобил со повреди. Истиот со возило на Итна медицинска помош е пренесен во ЈЗУ Општа болница - Велес каде по укажаната лекарска помош е задржан на лекување - информираа од СВР Велес.

Неделата на пладне 22.07.2018 година околу 12.00 часот, на делницата од aвтопатот Велес - Градско, пред наплатна станица „Градско“, се случи сообраќајна незгода  во која патнички автомобил марка „Фолксваген голф“ со скопски регистарски броеви управуван од лицето Ј.А.(69) од Скопје удрил во металната заштитна ограда, при што, предизвикал сообраќајна незгода со материјална штета  на оградата и на возилото и се самоповредил - соопштија од СВР Велес.

Од ЈЗУ Општа Болница Велес, портпаролот Весна Лазаревска информира дека  околу 13ч. кај нив е примено повредено лциа од сообраќајка, како кого се констатирани нагмечувања на глава, на граден кош и поради сериозноста на  повредите истиот е префрлен во Болницата 8-ми Септември во Скопје. 

loading...

Поврзани »

loading...


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали честите акциски контроли на сообраќајната полиција, изминатите два месеци, воведоа ред во однесувањето на возачите и пешаците?

  • да
  • не
Резултати