Викендот заврши, нов смет оставија излетниците на езеро Младост (фото)

Петар Печков

Велешките комуналци споделија фотографии, како изгледа  околината на езерото Младост, по вчерашниот викенд. Расфрлан смет по патеките, околу клупите, летниковците. Ова е омилено место, кое освен велешани  во голем број го посетуваат и скопјани.

Иако овој простор досега, за само две седмици е два пати чистен,  тоа не се препознава.  Од ЈКП Дервен апелираат до излетниците за повисока совест при фрлањето на сметот и додаваат дека има доволно корпи за таа цел.

Само четири дена откако темелно беше исчистен теренот околу езерото Младост –денеска околу езеро Младост повторно, и  повторно е загадено со отпадоци. Несовесни посетители на оваа туристичка атракција викендов зад себе оставиле лоша  глетка. Да уживаме сите во природата, незагадена е поубава!- велат од ЈКП Дервен.  Најавуваат дека деновиве повторно, вонредно ќе го чистат теренот околу езерото.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати