Викендот во велешко еден позитивен на ковид-19 и двајца оздравени

Петар Печков

Во саботата и неделата во велешко има еден случај на лице позитивно на ковид-19 како и двајца оздравени.  Позитивниот случај е регистриран во саботата, кога е добиена потврда од неговиот земен брис.

Станува збор за младо лице  на 24 годишна возраст, другар на двајцата  браќа кои неодамна беа регистрирани како позитивни.   Оздравени во неделата  се две лица, кои биле на домашно лекување- информираа од Центарто за јавно здрвеј Велес.

Така активни случаи со корона вирус во велешко 42, оздравени се 141, од активни случаи 28 се на домашно лекување еден е во затвор Идризово и 13 на Инфективно одделение од велешка Болница. 

На ова одделение имало 15 хоспитализирани лица, 13 се потврдено позитивни, за две се чекаат резултати а имаат симптоми а две лица биле испуштени како оздравени по два добиени негативни теста. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати