Владиката Агатангел - Ако гласате на 30-ти септември внуците ќе се срамат од Вас

Петар Печков

Во неделата во новиот соборен храм ,,Св. Кирил и Методиј во Велес, Владиката Агатангел Митрополит на Повардарската Епархија одржа Света архијерејска литургија со молитви за зачувување на  македонското име, македонскиот јазик и македонскиот идентитет. 

МПЦ -ОА се огради од  наменската литургија.  „Тоа е личен став. МПЦ-ОА нема да зазема страна во референдумот“, изјави митрополитот Тимотеј, портпарол на МПЦ ОА. Таа остави на верниците за 30-ти септември да постапат свое лично убедување, дали ќе гласат и како ќе гласаат.  Владиката Агатангел  пред присутните верници кажа дека не е против ЕУ и НАТО, но да се бара промена на име е најголемата жртва за еден народ.  

Голотата на македонскиот народ започна со тиранскиот договор, а минатиот месец дозволивме многу мисионери  да ни го трујат умот. Германскиот министер за одбрана беше во Македонија и го убедува македонскиот народ колку е среќен кога се споија двете Германии.  И ние ќе бевме среќни кога ќе ги споевме двете Македонии,Егејската , Пиринската  и Албанска Македонија со овој дел.  По 30-ти септември Македонија и македонскиот народ ќе добијат камшици по своите грбови, ќе немаме Македонска наука, Македонска православна црква, Македонска армија и внуците ќе се срамат од своите дедовци оти од Македонци се прекрстиле во Северно Македонци. Премиерот кој денес го менува името на оваа земја, се колнеше и во деца и во татко и мајка дека додека диши ништо нема да смени - рече Владиката Агатангел Митрополит на Повардарската Епархија.

Се пожали дека имал информации оти на верниците им се заканувале со бркање од работа ако дојдат на неделната литургија, кој тој ја најави за заучување на името, јазикот и  идентитетот. Затоа пак порача недела на 30-ти септември граѓаните да седат дома и не излегуваат. 

Се надевам дека во недела на 30-ти, вие и вашите роднини и нашите непријатели, нема да излезат да гласаат. Седете си дома, ако го видите комшијата како излегува, знаете каде оди - рече Агатангел. 

На литургијата присуствуваа и поборници на  'Македонија - Бојкотира' кој за ова пригода допатуваа со автобус од Скопје, предводени од Јанко Бачев. Тука беше и претседателот на Светскиот Македонски конгрес Тодор Петров. 

loading...

Поврзани »

loading...

Се наградуваат најубаво украсен излог, двор и тераса

Општина Велес ќе додели награди за најуспешна празнична илуминација по повод новогодишните и Божиќните празници:

  • Најубав излог
  • Најубав двор
  • Најубава тераса.

Наградата е во паричен износ од 15.000 денари за секоја категорија.


Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

На што ќе се греете зимава?

  • огревно дрво
  • пелети
  • нафта
  • ќумур
  • електирична енергија
Резултати