Возач излетал од пат завршил во болница

Петар Печков

Петокот вечер,  19.01.2018 година околу 19,30 часот на регионалниот пат Градско-Велес, се случила сообраќајка. Излетал автомобил, возачот завршил во Болница. МВР излезе со соопштение за настнаот. 

На местото викано Скачинска Река - oпштина Градско, се случила сообраќајна незгода во која Н.Н. (27) од Велес, управувајќи патничко моторно возило „Пежо-206“ со велешки регистерски таблици изгубил контрола над возилото, излегол надвор од коловозот и удрил во земјен брег. Возачот бил  пренесен во општата болница во Велес, каде бил задржан за понатамошно лекување - стои во писмената информација на МВР. 

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Велес и работат на целосно расчистување на случајот.

фото: архива

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати