Вонреден инспекциски надзор во велешка Болница, за утврдување на причината за смртта на пациент кој почина а подоцна се откри дека имал ковид 19

Петар Печков

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) спроведува вонреден инспекциски надзор за утврдување на причината за смртта на велешкиот пациент.

Според информациите добиени од Општата болница во Велес, на 31 март околу 16 часот од страна на дежурниот лекар на инфективното одделение во ЈЗУ Општа болница Велес бил прегледан пациент на 78-годишна возраст – донесен како итен случај со возило на Итната медицинска помош, бидејќи имал претходно закажан термин од матичен лекар во 19:20 часот.

Пациентот бил болен четири до пет дена пред прегледот со зголемена телесна температура и кашлица со искашлување на секрет, лекуван од матичен лекар со антибиотик – парацетамол и витамини. Роднините негирале епидемиолошка поврзаност со контакти сомнителни или заболени од корона вирусна инфекција. На денот на прегледот фамилијата забележала кај пациентот розеникав по боја искашлок и побарале да му биде земен брис од страна на епидемиолошката служба и да биде прегледан неколку часови порано од веќе закажаниот термин. Во моментот на преглед, пациентот бил без температура, во стабилна општа состојба со бронхитичен наод на бели дробови, поради што му е ординирана антибиотска терапија, бронходилататорна, експекторанс, витамини и даден совет за домашна изолација, како и контрола на резултатот од земениот брис. Се било уредно евидентирано – со документација, а проценка на докторот е според симптоматологијата како да постапи. Земена е епидемиолошка анамнеза и од неговата ќерка, информираат од ДСЗИ.

Со информација излезе и директорот на ЈЗУ Општа Болница Велес, др. Божидар Бојаџиев. 

Веднаш по најавата од Итната помош дека носат пациент, сомнителен на ковид-19, дежурниот доктор на Инфективно одделение, соодветно опремен со заштитна опрема,  пречекан е од докторот и веднаш прегледан. Направена е епидемиолошка анкета, од неа се гледа дека пациентот немал контакт со лица заболени од корона вирус. При прегледот е констатирано дека пациентот нема температура, во стабилна општа состојба,  со бронхитичен наод на бели дробови,  па му била ординирана соодветна терапија.  Бидејќи епидемиолошката анкета била негативна, даден е совет за домашно изолација и контрола со резултат од земениот брис - кажа  директорот д-р Бојаџиев.  Епидемиолошката анкета е составена од 15 прашања, врз основа на одговорите, матичниот доктор одлучува дали пациентот ќе оди на земање брис.  Најважно е дали лицето има симптоми или бил во контакт со веќе заболен. 

Директорот на ЈЗУ Центар за јавно здравје  ги отфрла наводите за  тоа дека  брисот е земен доцна а колата на итна помош одбила да дојде. Иформацијата е дека амбулантното возило е повикано во 15,35 а веќе во 16 часот пациентот бил на Инфектолошко одделение. 

Брисот на 79 годишниот пациент е земен во вторникот претпладне. И тоа по барање на фамилијата еден наш техничар замина во нивниот дом. Така што брис не е земен попладнето.  Попладнето по барање на семејството, кога се влошила состојбата на пациентот, е побарано да се носи со кола на Итната помош. Минато е извесно време оти требало да се подготви екипата која ќе го транспортира со соодветна опрема, ака што нема избегнување дека некој не сакал да го транспортира - изјави Тони Димитриев директор на ЈЗУ Центар за Јавно здравје Велес.    

Случајот со смртта на ова лице беше актуелизиран од страна на семејството, кое реагираше што старецот, кој бил релативно здрав, не добивал можност да биде тестиран, потоа реагираат што не бил хоспитализиран иако бил во лоша состојба, и што службата за итна помош во прв момент одбивала да го пренесе до Болница.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати