Вонредно, зимски, се перат улиците во градот

Петар Печков

Вонредно, зимски се перат улиците го градот, поради отстранување на материјал кој придонесува за аеро- загаденост.  Со подобрувањето на временските услови  започна да се спроведува вонредно перење на улиците во градот кое е предвидено во Програмата за јавна чистота. 

Посебен акцент е ставено на  оние улици каде се изведуваа поголеми градежни активности  - „Самоборска“, „Благој Ѓорев“, на улици каде по снежните врнежи беше извршено посипување со абразивен материјал и кој со топењето на снегот остана во големи количини на улиците „Индустриска“,„ АСНОМ“, „Борис Трајковски“. Се работи и на дел од главните улици во повисоките зони Плоштад „Којник“ со улица „Васил Ѓоргов“  кои се пристапни за возилото за перење. 

Оваа интервентна мерка продолжува сé додека не се отстрани наталожената прашина на сите сообраќајници  како извор на емисии во амбиентиот воздух - велат од Општина Велес.

Бидејќи интервентното перење ЈКП „Дервен“ го извршува дење, Општина Велес ги моли граѓаните и возачите за трпение и разбирање. Редовното перење на улиците во согласност со Програмата за јавна чистота за 2019 година започнува на 11 март.

loading...

Поврзани »

loading...

Општина Велес објавува

ЈАВЕН ПОВИК
за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на територија на Општина Велес за набавка енергетски ефикасно грејно тело за 2019 година

Детали

Ронтис вработува техничар во оддел за одржување

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи:
Техничар во оддел за одржување

Ронтис вработува 20 оператори во производство

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:
20 (дваесет) Оператори во производство

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Колку сте задоволни од настапот на македонските репрезентативци на ЕП во одбојка?

  • Дадоа максимум
  • можеа повеќе
  • за прв пат учество, одлични беа
  • запоставени, а не направија горди
Резултати