Во ,,Коле Неделковски,, отворен кабинет за угостителите

Петар Печков

Свечено е предаден кабинетот за настава за учениците од  средното училиште ,,Коле Неделковски,, за  насоката угостителство. Тој ќе служи за практична настава на учениците кои учат за угостител. Опремено е со сопствени средства но и донации од угостителски фирми од градот а свеченоста беше дел до патронот празник на училиштето.

Благодарност до ресторан Глориус, Хотел Романтик, фабриката ХИТ кои донираа дел од опремата, дел е од наши средства тоа се нов шпорет, нов фрижидер, опрема. Дополнително ќе набавиме и други работи кои се потребни. Кабинетот има интернет конекција и се што е потребно согласно програмата. Учениците тука ќе се подготвуваат за тоа што ги чека кога ќе завршат со образование, тоа е практична настава. Дуалното образование ние одамна го практицираме, ние сме два чекори напред . Учениците одат на пракса, работат практично. Три годни веќе преку Еразмус плус одат во Барселона, и го водат хотелот - кажа директорот Боро Ристовски.

Во УСО ,,Коле Неделковски,, има една паралелка угостителска струка, половина  ученици се образуваат за струката готвач другата за келнер.  Паралелката бори 34 ученика и таа функционира осум години.  Годинава имаше голем прилив ученици, оваа учебна година имаше двојно повеќе пријавени отколку што имаше распишан број на слободни места.      

loading...

Поврзани »

loading...


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали честите акциски контроли на сообраќајната полиција, изминатите два месеци, воведоа ред во однесувањето на возачите и пешаците?

  • да
  • не
Резултати