Во Болница се хоспитализирани 88 пациенти, две лица починати од последиците на ковид-19

Петар Печков

Во последните 24 часа, во велешко се регистрирани 68 нови случаи на позитивни на ковид-19 а оздравени се 23 лица, соопшти Министерството за здравство. Со тоа активни се 696 случаи а досега зараени има 4.486 лица. 

„Починати сe двајца  пациенти маж на 70 годишна возраст, лекуван на Инфективно одделение четири дена и жена на 68 годишна возраст лекувана еден  ден на Инфективно одделение. И двете лица се од Велес, позитивни на ковид-19.  Испишани се двајца пациенти  како оздравени со по еден  негативен тест.   На кислородна поддршка се 41 пациенти“ – кажа д-р Елеонора Јованова, портпарол на Општа Болница Велес. 

Во велешка болница вкупно се хоспитализирани 88 пациенти,  од кои 67 се потврдени позитивни, 13 сомнителни  и осум  пациент со негативен брис но задржан на болничко лекување. Од лежечките пациенти, на Инфективно одделение се  53, на Интерно 12 и во Модуларна болница 23. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

  • да
  • не
Резултати