Петар Печков
Објавено: недела, 30 ноември 2025
Попладнево во реката Вардар, кај селото Уланци, општина Градско, бил пронајден леш. За настанот информираа од велешката противпожарна единица.
„На 30 ноември во 14,30 ч. примена е дојава за леш во реката Вардар кај село Уланци. Територијална против пожарна Единица Велес излезе на лице место со едно против пожарно возило и двајца пожарникари спасители. По пристигнување на лице место лешот е изваден од водите на реката Вардар и предаден на службите“ – соопштија од ТППЕ Велес.
Телото е дадено на обдукција, по што ќе следи процес на идентификација, од листата на лица кои се водат како исчезнати.
Денес, понеделник, за настанот имформираа и од СВР Велес, кои го соопштија полот на пронајденото тело. Тоа било жена.
