Во Велес и повеќето македонски градови, се враќа делумен полицискиот час

Петар Печков

Во Велес и повеќето  македонски  градови, се забранува движење на сите граѓани од четврток од 21 часот до петок до 05 часот наутро, а во петок, сабота, недела во овие градови забраната започнува од 16 часот и трае до следниот ден до 05 часот наутро. Забраната се однесува за градовите, каде не е воведен полициски час во траење од четврток вечер од 21ч. до понедленик до 5 часот. 

Ова е одлукa на Владата на вечерашната седница. Скопје, Куманово, Липково, Тетово,  Штип, Јегуновце, Желино и Боговиње се воведува  забрана за движење од утре, четврток од 21 часот до понеделник до 5 часот.

Од утре четврток во 21 часот до понеделник се забранува посета на гробиштата на територија на целата држава, освен во случај на погреби.

Анализите покажуваат дека имаме неколку локации низ земјата каде има раст на бројките на заболени кои се резултат на непочитување на пропишаните мерки. Оваа одлука е донесена заради спречување и ширење на заразата во овие локации, а и надвор од нив“, кажа Филипче.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати