Во Велес прва стрип колонија

Петар Печков

Оваа седмица во Велес, се одржува стрип- колонија, прва од таков вид во земјава. Со учество на 16 автори, до недела тие творат во просториите на Средношколскиот интернат во Велес. Учествуваат 9 автори од Македонија, 6 од Србија и еден од Црна Гора.

До идејата за реализација на стрип колонија , дојдовме по  реакциите на учесниците на меѓународниот стрип конкурс за  Стрип салонот, дека им е потребна поблиска соработка, држење, каде можат да ги разменуваат идеите и искуствата. На работилниците кои ги одржувавме на Стрип салонот траат кратко и се учат почетни работи.  На оваа колонија ќе добиеме финални, готови производи, оригинали кои остануваат во наша сопственост. Нив ќе ги искористиме за Стрип салонот во октомври, каде ќе ги изложиме  пред посетителите - рече Ване Трајков претседател на Стрип центарот на Македонија, организатор на колонијата.   

Таа завршува в недела. Авторите творат на слободна тема, според сопствената инспирација. Ментор на колонијата е проф. Владимир Весовиќ  од Белград од приватната школа за стрип, илустрации и концепт арт  ,,Ѓорѓи Лобачев,, која работи 27 години. Од неа се излезени цртачи кои работат за познатите стрип издавачи во Франција, Белгија, Италија, САД, Германија.  

Повеќето автори се млади, немаат толкаво искуство, тука се дојдени да учат и јас им помагам на секој можен начин. Таму каде што грешат да ги исправам.   Ова не е ликовна, графичка, вајарска колонија, ова е стрип, која е далеку посложена уметност. За овие неколку дена не може да се нацрта стрипот, да се заврши, освен ако не е полуготов или готов. Затоа треба да се дефинираат односите за наредните колонии. Или овде ќе се започне со цртањето на стрипот па ќе се заврши дома и ќе се врати на организаторот, или ќе се дојде со без малку готов стрип кој тука ќе се заврши и остави. Сепак за изработка на стрип е потребно далеку повеќе време - рече Весовиќ.   

Симон Вучковиќ од Котор - Црна Гора, кој два пати бил на Стрип салонот во Велес црта стрип поврзан со националната култура од земјата каде доаѓа, со глобална порака за чојството,  јунаштвото.   Меѓу авторите кои творат е и скопјанецот Тоде Блажевски, стрип цртач од Скопје, кој со радост дошол и без размислување. 

На колониите имаме размена на идеи, колективна творечка атмосфера, дополнувања, содржини кои автор кога работи индивидуално ги нема.  Најважни се новините кои можат да се дознаат од средини подалеку од таа што јас творам- кажа Блажевски. Тој работи на неколку стрипови истовремено, комични, на четири различни приказни, независни една од друга. 

Нацртаните стрипови на колонијата ќе бидат во конкуренција за првата награда на веќе објавениот интернационален стрип конкурс (рок 20 септември) а со тоа и објавување во ревиите „СТРИП КРЕАТОР“ И „АЛМАНАХ“ ,како и на  традиционалната стрип изложба,во средината на месец октомври во Велес. Колонијата ја организра Стрип центарот на Македонија со седиште во Велес и финансиски е поддржана од Општина Велес и Министерството за култура. 

loading...

Поврзани »

loading...

Се наградуваат најубаво украсен излог, двор и тераса

Општина Велес ќе додели награди за најуспешна празнична илуминација по повод новогодишните и Божиќните празници:

  • Најубав излог
  • Најубав двор
  • Најубава тераса.

Наградата е во паричен износ од 15.000 денари за секоја категорија.


Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

На што ќе се греете зимава?

  • огревно дрво
  • пелети
  • нафта
  • ќумур
  • електирична енергија
Резултати