Во Велес се одбележа 8-ми Септември Светскиoт ден на првата помош

Петар Печков

Годнава мотото е „НЕ ви е потребна лиценца за да спасите нечиј живот“. На оваа тема  се одржа трибина на која се истакна важноста од давањето прва помош при сообраќајни незгоди. Пред присутните, ученици од основните и средни училишта, во салата „Бели мугри“ говореа  Славица Темелковски од Основното јавно обвинителство, Верољуб Додевски од Секторот за внатрешни работи од Велес и Јадранка Мишкова од Итната медицинска помош.  Светската статистика покажува да во сообраќајките најголем број на починати се млади до 15 до 29 годишна возраст а по светски патишта секојдневно загинуваат  по 3,5 илјади лица.  

Доктор Јадранка Мишкова зборуваше за важноста на право времената прва помоќ на повредените во сообраќајки

Статистиката покажува дека смртноста настапува во првите минути после сообраќајната незгода  57% , при транспортот  22 и 21 во првиот месец. Уше еден податок, статистиката покажува дека на светско ниво за да дојде брзата помош на местото на настанот во просек се потребни 10 минути.   Од итна  важност е укажувањето на прва помош на местото на  настанот тие се од витално значење, додека дојде лекарската екипа. Првата помош ја укажуваат патници, сопатници лица кои се затегнале на местото. Поткрепа за ова е минато годишната  сообраќајка со автобусот кој се преврте кај Кула, кога најголем број до повредени патници  беа згрижени и прифатени од патници кои минувале тука  - рече др. Мишкова.   

Верољуб Додевски началник на сектор за превенција при СВР Велес.

Како учесници во сообраќајот мораме да ги почитуваме сообраќајните знаци, правила и прописи.   Има многу лица, кои од за нив познати причини ги чкртаат и уништуваат сообраќајните знаци. Казните се високи а има многу сообраќајки.  Од моментот на случување на сообраќајна незгода до моментот на доаѓањето на брзата помош, има временски период кога треба да се даде прва помош и тоа од тие што се затекнале на местото на настанот. Таа помош треба да биде стручна и квалитетна, покај нашите желби за помош. Има случаи кога наместо да се помогне се одмагало за тоа е потребна едукција. На испитот за прва помош сме стекнале одредено знаење, но ако не го обновуваме тоа ќе го заборавиме. Многу од возачите не го почитуваат законската обврска да не се разговара на мобилен додека се вози. Малкумина се врзани со сигурносен ремен на задните седишта, тоа е дури 97 отсто. Тие три отсто се  мали деца кои се во седиште за мали деца   - рече Додевски. 

Славица Темелковски обвинител од ОЈО Велес зборуваше за законската рамка за санкции  при сообраќајот.

Секој од нас е учесник во сообраќајот на различни начини.   Пешакот, велосипедистот, лицата кои би управуваат возилата сите тие се учесници во сообраќајот.  Секој учесник во сообраќајот треба да има одредени  познавања на сообраќајните прописи, треба да знае како да се однесува во сообраќајот.  Така дете од 10 години кое вози велосипед треба да знае дека треба да се движи по десната страна од коловозот. Ако вози во средината или лево, тоа претставува пречка во сообраќајот за другите учесници.   Дете под 10 години за да вози велосипед треба да биде во придружба на лице со 16 и повеќе години. Пешаците не треба да се движат по коловозот, туку по одредени патеки -тротоар. По коловоз не смее да се скија, санка, да се лизга, вози тортине, ролери, ски -роли.   Младите ретко сакаат да возат мопед, моторцикл, велосипед со заштитен шлем -кацига. Истото е и со заштитниот ремен во возилото, кој совозачот секогаш треба да го користи  - рече Темелковски.    

loading...

Поврзани »

loading...

Rontis вработува магационер

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала Ронтис заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи: Mагационер Детали

Rontis вработува техничар за одржување

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала „Rontis“ заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи: Техничар во оддел за одржување

Детали

Rontis вработува оператори

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи: 20 (дваесет) Оператори во производство Детали

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com