Во Велешко опфатот со вакцина за заштита од ковид-19 е 52 отсто

Петар Печков

Министерството за здравство го објави извештајот за состојбата со вакцинацијата за заштита од ковид-19. Процентот на опфатност  во велешко порасна скромно од   50,9 на 52%. Ова се податоци заклучно со 17-ти октомври а претходните беа до 26-ти септември.  За потсетување на 7-ми септември беше 49,1 отсто.

Со пресекот кој се однесува заклучно со 17-ти октомври  во велешко биле аплицирани 27.194  прва доза вакцини и 26.191  втора доза. Ова се податоци освен за општина Велес и за соседните Градско и Чашка, но и дел до жителите на Лозово се вакцинираат во Велес. 

Најмногу вакцинирани има во Неготино и Кавадарци со 66,3 и 65,3, Охрид 65,1 па Гевгелија со 62,4 и Ресен со 60,4 отсто. Од поголемите градови состојба е следна: Скопје 51,4, Битола 58,8, Куманово 38,11, Кочани 43,2 , Струмица 35,4, Тетово 44,0 Штип 54,4,   Прилеп 52,3, Гостивар 34,8, Струга 45,0. Затоа пак во  Берово 59,1 отсто или на територијата на цела Македонија опфатот вакцинација за заштита од ковид-19 е   48,4 проценти.

Последниот месец, помеѓу двата извештаи, интересот за вакцинација во Велес расте со низок процент од само еден отсто или интересот опаѓа, како што е и во сите други градови во земјава. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати