Во Интернатот се намалува бројот на ученици

Петар Печков

Бројот на ученици во општинскиот ученички дом  ,,Лазар Лазаревски,, бележи опаѓање. Ако капацитетот со пролетва распишаниот конкурс  бил  221 ученик, во двата конкурса биле примени, две третини -  140. Или останале слободни 80 места.  В.Д. директорот на оваа институција причина за намалениот интерес ја гледа во лошата уписна политика претходните години.

Проблемот со намалување на бројот на ученици е започнат пред 3-4 години.  Тогашната извршна и локална власт дозволија   отворање на две паралелки, една во Кавадарци, друга во Гевгелија,  чии ученици  учеа во Велес а одлеаја ученици од нашиот дом. Тука е и затворање на спортската паралелка во Гимназијата. Со ученици од тие три паралелки ние го полневме Интернатот и се бараше место плус.  Годинава  бројката на запишани ученици е уште помала, за жал - кажа в.д. директорот Марјанчо Јорданов пред велешките советници. 

Објасни дека од вишокот простории пренамениле за медиотека, за теретана и за слободни активности за играорци и за карате.   

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати