Во Општина Велес излегле 30,36 отсто гласачи, ,,ЗА,, референдумот биле 12.397 гласачи

Петар Печков

Според првичните неофицијални резултати од ДИК за  неделниот референдум ,,Дали сте  за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?,, за ОИК Велес и соседните Чашка, Градско и Лозово, каде пребројувањето е завршено за сите избирачки места, состојбата   е следна: 

Во ОИК Велес  на 84 избирачки места од 46.172  гласачи излегле 14.000 гласачи - 30.36%  Од нив ,,ЗА,, биле 12.397 гласа а ,,ПРОТИВ,,   1.082 гласа - 7,73 %, додека 521 ливче било неважечко. 

Во ОИК Градско на 11 избирачки места  излегле да гласаат 1.014 гласачи од 3.136 запишани - 32,33%. Од нив ,,ЗА,, биле 888 гласа - 87,57% , 81 ,,ПРОТИВ,,   -  8%  а 45 гласачки ливчиња биле неважечки. 

Во ОИК Лозово на 9 избирачки места од 2.038  гласачи излегле 779  или 38,2 %. Од нив ,,ЗА,, биле 577 гласа  - 74,07%, ,,ПРОТИВ,,   биле 133 гласа - 17,07 % а 69 гласачки ливчиња биле неважечки.  

Во ОИК Чашка на 31 избирачки места од 6.008  гласачи излегле 2.436 - 40,55%. Од нив ,,ЗА,, биле 2.259 -92,73% а ,,ПРОТИВ,,    биле 97 гласа  - 4%, додека неважечки се 80 ливчиња.  

loading...

Поврзани »

loading...

Се наградуваат најубаво украсен излог, двор и тераса

Општина Велес ќе додели награди за најуспешна празнична илуминација по повод новогодишните и Божиќните празници:

  • Најубав излог
  • Најубав двор
  • Најубава тераса.

Наградата е во паричен износ од 15.000 денари за секоја категорија.


Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

На што ќе се греете зимава?

  • огревно дрво
  • пелети
  • нафта
  • ќумур
  • електирична енергија
Резултати