Во Охрид измамени пензионери, во Кавадарци се краде нафта од товарни возила

Петар Печков

За жал ова е секојдневие, во Охрид измамени  за злато двајца пензионери  со 220 илјади денари а кавадарчани крадат нафта од камиони, градежни  и земјоделски машини. Еве што МВР напиша за овие настани: 

Во текот на последните три месеци на територијата општина Кавадарци и општина Росоман извршени се неколку Тешки кражби на нафта од товарни моторни возила, градежни машини и земјоделски машини, при што, е украдена нафта. Како резултат на оперативното работење на полициските службеници од ПС ОН Кавадарци на ден 06.12.2018 год. извршени се претреси кај повеќе лица од Кавадарци и село Возарци и кај истите е пронајдена нафта и предмети со кои се извршувани кривичните дела. Се работи на документирање на овие случаи, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави.

СВР Охрид  до Основното Јавно обвинителство поднело кривична пријава против Т.С.(72) и З.Г.(63), двајцата од Скопје.

На 27 октомври оваа година околу 15,00 часот, на улицата „Марко Цепенков” во Охрид,  пријавените го пресретнале Б.Ј. (81) од Охрид и со намера да стекнат противправна имотна корист, го довеле во заблуда  и лажно му прикажале дека  направиле сообраќајна незгода. Потоа му покажале часовник кажувајќи му дека е златен  и му побарале 2000 евра при што оштетениот прифатил замена.

На 30.10.2018 година во 15.15 часот на улицата „Питу Гули” пријавените му пристапиле на К.Г.(77)  од Охрид и на истиот начин за случена сообраќајната незгода, го довеле во заблуда и му зеле 2000 долари во замена за наводни златни предмети. Со извршувањето на казнените дела, пријавените се стекнале со противправна имотна корист од 220.000 денари.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати