Во Тиквешијата нема аргати за берба на грозјето

Петар Печков

Лозарите од Тиквешијата  мака мачат како ќе најдат аргати за берба  на грозјето. Таа започнува за десетина дена а проблемот околу работна сила која ќе ја врши бербата натежнува. Тие со време предупредуваат дека е можно грозјето да остане по полињата, оти ќе нема кој да го бере, нема аргати.

„Аргати не можеме да најдеме. Времето на бербата е кратко еден месец а работата сила е толкава. Каде попрво да се ангажираат“- велат лозарите.

Предлогот од откупувачите, како можно решение, да се донесат работници од Албанија, за нив е неприфатлив.

„Тие луѓе треба некаде да спијат. Ние не сме големи производители, да си дозволиме и да плаќаме сместување. Ни требат десетина аргати, не стотина. Нема преноќишта каде да ги сместиме“- додаваат лозарите.

Времето за берба стигнува, но годинава лозарите од Тиквешкиот крај  ги очекува и друга мака. Годинава се очекува рекорден род, но ќе им проблем кој ќе го откупи, оти во земјава останаа малку винарски визби кои ќе го откупуваат грозјето. 

Регионот на Тиквеш е најголемиот производител на грозје во земјава, каде околу три илјади лозари живеат од оваа култура.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати