Во Третата лига победи за ФК Превалец и ФК Илинден БС, пораз за ФК Локомотива Градско

Петар Печков

Во четвртото коло од Третата лига Центар, две победи и пораз за екипите од Општинска фудбалска лига Велес.  ФК Превалец продолжува со победничката серија, четири од четири натпревари.

На гостувањето во прилепско Големо Коњари славеше  над  11-то пласираниот истоимен тим , со 0:1. Со максимален број бодови превалчани се на трето место, колку и екипите на ФК Вардар Неготино и Фк Росоман, но со послаба гол разлика.  Прваа победа во ова друштво ја забележаа башиноселци, ФК Илинден кој дома со 3:2 ја победи екипата на ФК Марена која е осмо пласирана. Со овие три бода тие се на десеттото место. ФК Локомотива од Градско никако да ги израдува навивачите, нов пораз, овој пат дома од второпласираната екипа ан ФК Росоман со 1:2. По четири одиграно кола ФК Локомотива има еден бод и е претпоследна 13-та. Во следното, петто  коло локално дерби ФК Превалец и ФК Локомотива а ФК Илинден БС гостува на ФК Динамо од прилепско Мажучиште, кој е последен без ниту еден бод. 

Започнаа натпреварите од Првата ракометна лига, каде настапува РК Борец, кој игра во група 2. Во првото коло дома загубија убедливо од екипата на Кире Лазаров РК КЛ 7, со  13:35. Во следното коло гостуваат на РК Аеродром во Скопје. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати