Во акцијата на МК Носачи на крстот собрани 137 крвни единици

Петар Печков

На 11-та крводарителска акција организирана од мото клубот ,,Носачи на крстот,, од Велес, заедно со Општинската организација на Црвен крст Велес  како и Заводот за трансфузиона медицина од Скопје се собраа  137 крвни единици. Од нив 9 се нови дарители, 111 се мажи и  26 се жени.  Собраните крвни единици во период од шест часа, организаторите ги оценуваат како висока бројка и голем  интерес од страна на велешани.

Ова е меѓу поуспешните   акции со што се покажа хуманоста на нашите членови но и на сограѓаните а по повод Денот на Општината 9-ти Ноември.  Благодарност до сите нив - рече д-р Горан Јовиќ претседател на мото клубот ,,Носачи на крстот,,.  Акцијата се одржа во Ликовниот салон и беше дел од настаните со кои се одбележува општинскиот празник.  Најуспешна крводарителска изминатите девет години е таа од 2013-та кога се собраа 177 крвни единици а минатата година беа собрани 112. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати