Во акција на пратеникот Иванов, младите на езеро Младост засадија 60 садници (фото)

Петар Печков

Во акција на пошумување денес на опожареното подрачје на езеро Младост, беа засадени 60 украсни садници на зимзелно дрво туја. Акцијата ја иницираше  канцеларијата за контакт со граѓани на пратениците Панче Иванов и Агим Муртезанов а финансиски беше помогнато од ОБСЕ со грант во висина од илјада евра. Садниците ги обезбеди ЈП Македонски шуми кои и логистички помогнаа да се засадат новите садници.  

Сакаме да ја подигнеме свеста кај населението за значењето на овие зелени површини, нивната еколошка вредност и потребата од заедничка соработка за нивно одржување, зачувување и заштита. Ние со оваа акција почнуваме и се надоврзуваме на акциите кои следат и да се вклучат и други. Учестуваат младите, бидејќи тие еден ден ќе ги користат благодетите од оваа шума  - изјави пратеникот Иванов. 

Во акцијата  учествуваа младите од бригата ,,Акцијаш,, како и  велешките новинари. Градоначалникот Коцевски најави за последната седмица од годинава акција за пошумување во која ќе учестуваат повеќе велешки фирми кои со сопствени донации обезбедиле садници. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати