Во велешката Болница отворен Центар за дијабет

Петар Печков

Отворен е Центар за дијабет  со кој пациентите добиваат специјализирана дијагностика и  третман на целосно реновирани простории. Тој се наоѓа во дел од Инфективното одделение при ЈЗУ Општа Болница, поранешен магацин кој е преуреден.  Опремен е со  ехо апарат, а наскоро се очекува  со проект од 47 илјади евра од ЕУ да се опреми со специјалистички апарати.   

Во оваа просторија засега можат да се врши поединечна едкуација, во мали групи, на лицата кои се воведуват во инсулинска терапија или кога ќе дојдат за прв пат на преглед  да им се објасни за исхраната, начинот на живот.  Тука може да се мери гликемија (шеќер во крвта) да се направи ЕКГ - објасни специјалист  д-р Елена Левкова Ќулумова, која информира дека во велешко има околу шест илјади лица заболени од дијабет од кои илјада се на инсулинска терапија.  Ова се однесува на пошироката велешка околија, во која влегуваат и Градско, Лозово, Росоман и Чашка.  

Со отворањето на овој Центар пациентите набргу ќе ги осетат, бидејќи ќе добијат специјализарана дијагностика и третман на едно место. Министерството за здравство е посветено на решавање на проблемите заболени од дијабет и подбрување на условите за лекување. Пристапивме и при крај сме на регулативата за увоз на лекови и ги менуваме тендерските постапки,  да не се случува да нема недостиг на инсулин кој ќе биде квалитетен -рече министерот Венко Филипче.  

Наидовме на руиниран здравствен систем, но резултатите од напорната работа се гледаат. Значително е подобрено финансиското работење на болницата, вратени се 20 милони денари долг од     66 милиони. Очекувам дека во новиот инвестициски  бран од Министертството ќе добиеме нова дијагностичка апаратура и апаратура за третман - рече в.д директорот Димитар Стовјаноски. Тој посебно ја пофали техничката служба од Болницата која  со засилен ангажман и физички труд ги уреди просториите на Центарот. 

loading...

Поврзани »

loading...

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали ВАР технологијата воведена на ова СП во фудбал, придонесе тоа да биде поправедно?

  • да
  • не
  • не го следев СП
Резултати